Зоолошката градина во Скопје доби нови информативни и едукативни таблички за животните. Credissimo уште еднаш се покажа како општествено одговорна компанија која континуирано работи во насока на подобрување на условите во заедницата. Со оваа донација, зоолошката доби нови таблички со информации за животните како и таблички со правила на однесувње.
“Зоолошката градина во Скопје е една од најпосетуваните и најатрактивните локации во градот и e наше големо задоволство што сме дел од нејзиното разубавување. Табличките се со информативна содржина и вклучуваат интересни факти и податоци за животните, а покрај тоа што претставуваат забава за најмладите посетители, имаат и едукативен карактер преку кој посетителите без разлика на нивната возраст можат да се едуцираат и да се информираат повеќе за секое животно кое што е дел од ЗОО Скопје” – изјавија од Credissimo.
“Среќни сме што голем број на компании го препознаваат капацитетот на ЗОО Скопје и што не себично помагаат заедно да ги подобриме условите во зоолошката градина. Едукативните таблички веќе подолго време не беа сменети, па така оваа донација е од големо значење за сите посетители да се запознаат и да научат нешто повеќе за животните кои се дел од ЗОО Скопје.“ – изјави директорот на ЗОО Скопје.
Оваа донација на Credissimo во Зоолошката градина во Скопје не е прва. Во месец јуни минатата година беа донирани средства за уредување на живеалиштето на лавовите, беше обезбедена боја за кречење на повеќе живеалишта што придонесе за подобри услови за животните како и за посетителите на ЗОО Скопје.
Донации од овој вид, со хуманитарен и еколошки карактер преку кои се придонесува за сеопшто добро на граѓаните и на заедницата се помеѓу главните цели на Credissimo како општествено одговорна компанија, која постојано вложува во унапредување на условите во животната средина.
ПР Текст