Утрово на делот од патот што оди од Остружница (Белград) кон Нови Сад се случи тешка сообраќајна несреќа во која се превртеа два товарни камиони. Возилата ги блокираа сите три сообраќајни ленти, поради што сообраќајот на таа делница е во прекин.
Првите неофицијални проценки укажуваат дека до несреќата дошло поради лошите временски услови и обилниот снег кој се уште паѓа на поширокото подрачје на градот.