Зеленски: Руските сили се уште можат да заминат, во спротивно ќе бидат уништени

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави денеска, говорејќи за претстојната украинска пролетна контраофанзива, дека руските сили „се уште имаат време да заминат – во спротивно ќе бидат уништени“.

Зеленски рече дека не може да даде конкретни детали за претстојната контраофанзива, „бидејќи не можеме да им дадеме можност на терористите од Руската Федерација да се подготват за нашите методи и чекори кон деокупација“, пишува Киев Индипендент.

Дискусиите за контраофанзивата траат со месеци, а Зеленски на 25 март рече дека контраофанзивата била одбиена поради недостиг на оружје, вклучувајќи тешка опрема и борбени авиони.

Во меѓувреме, Словачка и Полска се првите земји што испратија борбени авиони во Украина: Словачка префрли четири од вкупно 13 МиГ-29 на 23 март, додека Полска ја испорача првата серија авиони на 3 април.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците погодија складиште за нафта во самопрогласената Луганска република

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем напад на Русија, пожар во магацин за дронови „Шахед“

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русите: Ја презедовме контролата

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор