Украинскиот „Миг“ е немоќен против рускиот „Сухој“: Русите ги заробуваат во смртоносни замки

Од:

Еден од најдобрите украински пилоти, мајорот Вадим Ворошилов, за британски Телеграф изјави дека секој ден им е се потешко да ги држат Русите подалеку, бидејќи тие користат застарени советски авиони против рускиот „Сухој“, додека тој го молел Западот да испрати борбени авиони Ф-16 за Украина.

Мајорот Ворошилов, кој даде интервју за Телеграф на пауза од линијата на фронтот, предупреди дека Русите постојано ја менуваат тактиката и поставуваат замки и заседи.

„Прво испраќаат еден авион, што го доведува во заблуда украинскиот пилот да мисли дека е сам. Потоа ќе се појават уште два или три од двете страни, кои ќе ги опкружат украинските авиони“, вели Ворошилов.

Тој нагласи дека додека украинските пилоти сè уште летаат со МиГ-29 од советската ера, тие не можат да направат ништо против Русите, кои летаат со модерни борбени авиони Сухој Су-35 и бомбардери Су-34.

„Во моментов можеме само да го задржиме непријателот, но со Ф-16 можеме да ги контролираме аеродромите, морето и копното и да ја заштитиме пешадијата“, рече тој.

„Потребни ни се повеќе модерни авиони за да бидеме подобри од непријателот“ рече Ворошилов.

„Радарите на руските авиони се околу четири пати подобри од она што го имаме и можеме да видиме многу подалеку. Исто така, руските ракети се значително поспособни од нашите советски. Сè е поопасно. Понекогаш не можеме ни да видиме дека Русите лансирале проектили, што е многу опасно за пилотите“, рече тој.

Тој објасни дека Русија има способност да нападне од 200 километри од линијата на фронтот, додека Украинците мора да бидат многу поблиску до непријателот, што е многу поопасно.

„Добивањето на Ф-16 ќе ни помогне да преживееме и да одржиме повеќе луѓе во живот“, рече тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците погодија складиште за нафта во самопрогласената Луганска република

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем напад на Русија, пожар во магацин за дронови „Шахед“

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русите: Ја презедовме контролата

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор