ГЕРБ на Борисов и Продолжуваме со промените на Петков изедначени

Од:

Бугарите го избираат 49 Народно собрание. Првите две политички партии, коалицијата ГЕРБ-СДС предводена од Бојко Борисов и коалицијата на Кирил Петков од партијата Продолжуваме со промените (ПП) имаат исклучително изедначени податоци според првичните резултати од гласањето на денешните избири.

Ова го покажуваат податоците од излезните анкети, јави репортерот на БГНЕС.

Податоци за излезните анкети на Тренд заклучно со 19:00 часот. Влегуваат пет партии:

ПП-ДБ – 26,9%; ГЕРБ-СДС – 26,7%; „Преродба“ – 12,9%; ДПС – 12,4%; БСП – 10,5%; „Има таков народ“ – 3,9%

Ова ја прави следната распределба по пратеници: ПП и ГЕРБ ќе имаат ист број пратеници – 72; „Преродба – 35; ДПС – 34; БСП – 27.

Податоците од излезната анкета на Галуп до 19:00 часот. Влегуваат 6 партии:

ПП-ДБ – 25,3%; ГЕРБ-СДС – 24,7%; „Преродба“ – 14,2%; ДПС – 13,1%; БСП – 9,9%; „Има таков народ“ – 4,0 %

Ова ја прави следната распределба по пратеници: 67 за ПП, 65 за ГЕРБ, 37 за „Преродба“, 34 за ДПС, 26 за БСП и 11 за ИТН.

Податоците на Алфа Research од излезната анкета:

ГЕРБ-СДС – 26,4%; ПП-ДБ – 25,5%; ДПС – 13,9%; „Преродба“ – 13,5%; БСП – 9,2%; „Бугарски пораст“ – 3,6%; „Има таков народ“ – 3,5%.

Податоци од излезната анкета на „Маркет линкс“:

ГЕРБ-СДС – 25,5%; ПП-ДБ – 24,5%; ДПС – 14,2%; „Преродба“ – 13,8%; БСП – 10,1%; „Има таков народ“ – 4%

Ова ја прави следната распределба на пратениците: ГЕРБ – СДС добиваат 67 мандати, ПП-ДБ – 64, ДПС – 37, „Вазраждане“ – 36, БСП – 26, ИТН – 10.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски