Пронајдени се Аниса и Мелиса

Од:

Двете малолетни девојчиња кои беа пријавени за исчезнати завчера вечерта во Скопје, се пронајдени, потврдија извори од МВР за А1он.

„Денеска во 13.30 часот на улицата „Џон Кенеди“, кај продажен објект во паркот, од страна на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар пронајдени се малолетничките М.К.(15) и А.А.(12), за кои на 30.03.2023 во вечерните часови беше пријавено дека се оддалечиле. По документирање на случајот, малолетничките ќе бидат предадени на родителите“, известуваат од МВР.

По девојчињата, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса се трагаше од пред два дена, откако родителите на двете малолетни девојчиња ги пријавиле за исчезнати.

Родителите кои го пријавиле случајот во полиција и на социјалните мрежи објавија повик за помош.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва