Судири меѓу полицијата и демонстранти за време на прославата на независноста на Бразил

Од:

Бразилската полиција употреби солзавец и гумени куршуми за да растера група од стотина демонстрани, кои ја прекинаа парадата што се одржуваше во Рио де Женеиро по повод прославата на Денот на независноста на Бразил.

Демонстрантите, меѓу кои некои и со маски на лицето, дошле на местото на одржувањето на парадата во центарот на Рио и почнале да извикуваат антивладини пароли и ја прекинале парадата, по што се судриле со полицијата.

Бразилските медиуми јавија дека при судирите биле повредени пет лица кои се пренесени во болница, а десет демонстранти се уапсени.

brazilNezavisnostProtesti

При полициската интервенција настрадале и некои од луѓето кои дошле да ја гледаат парадата, а искршени се и прозорците на експозитура на една банка.

Протестот во Рио е само еден од повеќето протесни манифестации најавени за денекса во над сто градови ширум Бразил. Организатори на собирите се повеќе синдикати, студентски движења и анархистичи групи.

Демонстрантите бараат борба против корупцијата во власта и реформи на социјалниот систем.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск