Демократски сојуз: Неразумна и неприфатлива одлука за енормно зголемување на платите на функционерите

Од:

Демократскиот сојуз смета дека одлуката на Уставниот суд, со која се овозможува зголемување на платите на функционерите за 78% е неодговорна, неразумна и неприфатлива соопштија од партијата.

– Предлагаме да се интервенира во коефициентите, односно да се предложат измени на Законот за платата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, со што зголемувањето на платите на функционерите ќе се усогласи со зголемување на платите во сите сектори, како и со зголемувањето на пензиите. Демократскиот сојуз ќе поддржи и ќе биде дел од законско решение, која ќе ја спречи ваквата неправедна положба и огромна разлика во примањата на функционерите и останатите вработени. Зголемувањето на примањата како одговор на растечките животни трошоци треба да го почувствуваат сите граѓани, посебно ранливите категории, додека оние кои се избрани и именувани лица треба да обезбедат услови за поквалитетен и подобар живот за сите, а не само за себе, се наведува во соопштението од Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

Демократскиот сојуз: СДСМ и ДУИ ја вовлекоа Македонија во слеп колосек

Демократски сојуз: Законот за бранителите треба да го поддржат сите партии

Демократски сојуз: Левица ја копира Златна зора

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Брзо да се направат измените за промени во министерствата и да се формира влада

Демократски сојуз: Победата е голема, а одговорноста е огромна

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори