Лукашенко предложи прекин на огнот во Украина

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко предложи денеска да се прогласи прекин на огнот во Украина и да се воспостави примирје, при што ниту една од страните нема да има право да ги прегрупира своите трупи.

„Ќе го преземам ризикот да сугерирам дека воените активности во Украина треба да престанат без право на страните да распоредуваат опрема и да ги прегрупираат силите“, рече Лукашенко, пренесува Тасс.

Лукашенко изјави дека не треба да има предуслови за прекин на огнот, пренесува белоруската новинска агенција Белта.

„Преговори без предуслови“, рече Лукашенко.

Тој нагласи дека преговорите треба да почнат веднаш. Лиукашенко ја предупреди Украина да не презема контраофанзива бидејќи, како што наведе, тогаш преговорите меѓу Москва и Киев ќе бидат невозможни.

Коментирајќи ги постапките на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Лукашенко рече дека претседателот на една суверена земја потпишал указ со кој се забранува да води мировни преговори и рече дека тоа е „едноставно смешно“.

„Ако нема да преговарате, не преговарајте, зошто ја потпишувате оваа уредба и ги смеете луѓето? Што сакате да покажете со тоа?“, праша Лукашенко.

Тој додаде дека плановите на Русија да распореди тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија се можност да се заштити Белорусија од заканите од Западот, наведува Ројтерс. Лукашенко го обвини Западот дека ги зајакнува воените сили во Полска, на границите на Белорусија и дека, како што тврди, планира да го нападне и уништи

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците погодија складиште за нафта во самопрогласената Луганска република

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем напад на Русија, пожар во магацин за дронови „Шахед“

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русите: Ја презедовме контролата

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор