Стоилковски: Петровска сама го нарачала извештајот за психичката состојба, доколку е вистинит треба да си поднесе оставка

Од:

Славјанка Петровска сама се донесе во ситуација да се дебатира за нејзината способност да го води министерството за одбрана. Извештајот за психичката состојба на Петровска во кој се наведени нејзината опседнатост, инхибиција и третманот со седативи, сама го нарачала и пуштила во правниот систем и доколку е во целост вистинит треба да резултира со нејзина оставка и одземање на нејзиниот безбедносен сертификат, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес конференција.

Тој потенцира дека доколку Петровска извршила влијание користејќи ја својата позиција врз лекарот специјалист да се напише извештај кој што ги преувеличува нејзините симптоми, само за да добие отштета на суд треба да си даде оставка од морални причини.

– Тргнуваме од претпоставката дека И=извештајот кој Петровска го нарачала е вистинит, бидејќи самата го доставила до пратеникот кого го тужи а суд, и оттука ја повикуваме Комисијата веднаш да и го одземе безбедносниот сертификат. Имено согласно Член 4 точка 13 од Уредбата за безбедност на лицата корисници на класифицирани информации стои дека лице кое страдало или страда од каква било болест или ментална или емоционална состојба која може да предизвика значителни недостатоци во неговото расудување или доверливост или може да го направи лицето, ненамерно, потенцијален безбедносен ризик, што се утврдува врз основа на медицинска документација е пречка за издавање на безбедносен сертификат, рече тој.

Стоилковски додаде дека Петровска според извештајот кој сама го нарачала и пуштила во правен промет страда и страдала од нарушена емоционална и ментална состојба, и затоа мора да и биде одземен сертификатот.

– Дополнително го повикуваме Ковачевски, да не чека, и да ја разреши Петровска, која во извештајот која самата го нарачала е опишана како личност која не може да ги извршува непречено своите работни обврски, која е нервозна, збунета, конфузна, нема волја, која чувствува бесцелност во работата и редица други дијагнози, кои што алудираат дека Петровска не е во целосна способност за извршување на своите работни задачи, изјави Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните