Руските сили на Крим копаат нови ровови покрај патиштата во близина на Крим, вели аналитичарот Брејди Африк од Американскиот институт за истражување на политиката (АЕИ).
Russian forces in occupied Crimea are digging new trenches along the roads leading into the peninsula.
This interactive map shows many of Russia's field fortifications in Ukraine and links each point to satellite imagery: https://t.co/km9lFOldbe pic.twitter.com/EtHSyoaMZn
— Brady Africk (@bradyafr) March 27, 2023
Да потсетиме, генералот Бен Хоџис, поранешен командант на американските сили во Европа, кој ја анализира војната во Украина изјави дека ако Русите го загубат Крим, тоа ќе биде крај за нив и за Путин.
Во август 2022 година, украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа значаен говор во кој ја цитираше фразата: „Почна со Крим и ќе заврши со Крим“.
Окупацијата на Крим несомнено беше клучен момент што предизвика серија други значајни настани. Во Украина ова го означи почетокот на руската агресија, која набрзо се прошири во регионите Доњецк и Луганск.
Крим е главниот транспортен центар и задна база за руските трупи распоредени во правец на Херсон и Запорожје и служи како критична стратешка локација.