(ВИДЕО) Русија: Во Украина првпат срушивме американска паметна бомба

Од:

Русија денеска објави дека соборила паметна бомба од американско производство истрелана од украинските сили, што е првпат Москва да тврди дека соборила тип на оружје што и овозможува на Украина да погоди далечни цели.

Т.н Бомбата GLSDB се лансира на ракета, а потоа, со сателитски насоки, тивко лебди до целта што може да биде оддалечена 150 километри. Тоа е двојно поголемо растојание во споредба со ракетниот систем ХИМАРС што беше испорачан во Киев минатата година.

Украина долго време бара оружје што може да ги гаѓа руските командни центри, линиите за снабдување и други цели зад непријателските линии. Се шпекулира дека Вашингтон почнал да го снабдува со ваков вид оружје оваа година.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски