Украина: Напад со дронови на Киев, сите се соборени

Од:

Украинските власти соопштија дека противвоздушната одбрана соборила руски беспилотни летала во близина на Киев, чии остатоци предизвикале пожар во нестанбена зграда и дека во овој напад нема жртви.

Шефот на воената администрација на градот Киев, Сергеј Попко, извести дека Русија лансирала 12 беспилотни летала кон Киев, но дека украинските сили за воздушна одбрана ги идентификувале и уништиле „сите непријателски цели“ во воздушниот простор околу главниот град.

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека Русија во текот на ноќта кон Украина лансирала вкупно 15 беспилотни летала Шахед од иранско производство, а украинските сили уништиле 14 од нив.

Остатоците од дронот паднале во западниот киевски кварт Свјатошино, предизвикувајќи пожар на површина од 200 квадратни метри во нестанбена зграда, се наведува во соопштението.

Според прелиминарните податоци, во моментов нема жртви, објави Попко на Телеграм, напоменувајќи дека информациите се прочистуваат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина