Секретарот на рускиот Совет за безбедност: Западот ја направи Украина воен камп

Од:

Секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев, изјави дека НАТО е страна во војната во Украина, пренесува новинската агенција Интерфакс.

Патрушев, поранешен шеф на ФСБ, кој беше секретар на Советот за безбедност од 2008 година, е познат како близок пријател на Владимир Путин.

Владиниот весник „Росијскаја газета“ ја цитираше изјавата на Патрушев: „Всушност, земјите од НАТО се страни во конфликтот. Тие ја претворија Украина во еден голем воен камп. Тие испраќаат оружје и муниција на украинските војници, давајќи им разузнавачки информации“.

Тој претходно го обвини Западот за бројни заговори, вклучително и „создавање империја на лаги, вклучително и понижување и уништување на Русија“, како дел од наводниот план за „намалување на светската популација“.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски