РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина електрична енергија

Од:

Фирмата за трговијата со електрична енергија РЕС (Renewable Energy Supply), во следниот период ќе го прошири своето работење со дел од државните и локалните институции, каде ќе даде поволни понуди за снабдување со електрична енергија.

РЕС досега снабдуваше исклучиво компании од приватниот сектор, но со оглед на тешката ситуација во која се најдоа институциите поради високите сметки за електрична енергија, дел од нив упатија повици за учество со цел зголемување на конкуренцијата.

РЕС, пред се, ќе понуди поевтина електрична енергија на општините за јавното осветлување во ноќните часови, што како јавна услуга се најде прво на удар на мерките за штедење во текот на енергетската криза.

Со тоа се очекува дел од општините да ги надминат проблемите со обезбедување на енергија за уличното осветлување, што беше загрозено од високата цена на струјата и доведе до тоа општините да не можат да ги сервисираат исклучително високите сметки, што секако неповолно се одрази на безбедноста на граѓаните, сообраќајното движење и целокупното урбано живеење.

РЕС моментално ја формира најголемата балансна група кај нас, со 270 компании од приватниот сектор, чија годишна потрошувачка изнесува 250 GWh електрична енергија.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот, да се избере Универзален снабдувач кој ќе понуди најниска маржа

A1on

Владата одлучила да го додели повикот на ЕВН за нов универзален снабдувач, неофицијално дознава „А1он“

А1он

Цената на струјата ќе се покачи за 27% ако се прифатат барањата од сите субјекти: ЕВН ќе набавува струја и од слободниот пазар

A1on

Државата ќе им го даде ХЕЦ Тиквеш на Грците во замена за стар и амортизиран Чебрен кој ќе го добие после 60 години

A1on