Жестоки реакции на одлуката на Путин да постави тактичко нуклеарно оружје во Белорусија

Од:

Украина ја обвини Русија за дестабилизација на Белорусија и претворање на својот помал сосед во „нуклеарен заложник“, откако Владимир Путин објави дека Москва постигнала договор за стационирање на тактичко нуклеарно оружје на белоруска територија.

Лидерката на опозицијата во егзил Светлана Тихановскаја рече дека овој потег е „во голема мера спротивен на волјата на белорускиот народ“ и го одразува натамошното потчинување на Белорусија под руска контрола.

Олексеј Данилов, шеф на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, го нарече договорот „чекор кон внатрешна дестабилизација“ на Белорусија и рече дека го максимизира нивото на „негативна перцепција и јавно отфрлање“ на Русија и Путин во белоруското општество.

„Кремљ ја зеде Белорусија како нуклеарен заложник“, напиша тој на Твитер.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ