Се појави видео на кое Кијану Ривс се заблагодарува на филмската екипа на снимањето на новиот Џон Вик, а обожавателите се воодушевени од начинот на кој актерот се прости од своите колеги.
Откако завршија со снимањето на последната сцена од филмот, Ривс им се обрати на своите соработници и ги пофали за нивната неверојатна работа и им се заблагодари што „го направија ова искуство толку посебно“.
„Навистина е посебно да се биде овде. Мислам, погледнете го ова“, се обрати тој на екипата што го опкружуваше, додавајќи: „Но, не е само местото што е посебно, туку сите луѓе. Среќен сум што запознав толку многу големи луѓе и уметници“, рече тој.
„Ви благодариме за целата ваша поддршка и… Џон Вик 4! викна додека тимот му аплаудираше.
@leoninep Keanu Reeves being humble and thanking the Crew after finishing filming in John wick 4 #keanureeves #johnwick4 #johnwick #keanuereevesjohnwick ♬ original sound – leonine
Видеото ги воодушеви обожавателите кои го пофалија трогателниот гест на актерот познат по својата добрина и отвореност.
„Кијану Ривс е легенда“, гласеше видеото, а еден тиктокер накратко напиша: „Едноставно најдобар“.
„Со почит, без ароганција. Тој е целосно приземјен“, додаде друг, додека трет тиктокер напиша: „Пред се, љубезен, скромен и благороден човек“.
„Изгледа како забавен човек за дружење“, коментирал тиктокерот, додека една обожавателка се пошегува: „Токму кога помислив дека не можам да бидам позаљубен во него од тоа што сум.