Исчезнато 13-годишно девојче од Далас е пронајдено заклучено во барака оддалечена повеќе од 1.500 километри, дури во Северна Каролина, откако била киднапирана и силувана од маж што го запознала на социјалните мрежи.
Девојчето е пронајдено во Лексингтон, на околу еден час возење североисточно од Шарлот, се вели во соопштението на шерифот на округот Дејвидсон, пренесе Си-Ен-Ен.
Канцеларијата на шерифот соопшти дека во петокот вечерта биле контактирани од специјален агент на ФБИ во Тексас за случајот. ФБИ во соработка со полицијата во Далас утврдиле дека возрасен маж разговарал со девојчето преку Интернет. Содржината на тие разговори била конзистентна со намамување, соопшти канцеларијата на шерифот.
Камерите во близина на домот на тинејџерката снимиле возило регистрирано на човек кој живее во округот Дејвидсон, а замениците на шерифот, заедно со агентите на ФБИ од Гринсборо, го лоцирале возилото.
Инспекторите ја отвориле бараката и го пронашле девојчето. Таа е однесена во болница на преглед, а подоцна е вратена дома во Тексас. Осомничениот, 34-годишниот Хорхе Иван Сантос Камачо, е уапсен и се соочува со осум точки од обвинението, меѓу кои и киднапирање и силување на дете. Тој е задржан во затворот во округот Дејвидсон со кауција од 1.250.000 долари.