Двајца мажи се убиени во престрелка доцна вчера во германскиот град Хамбург, соопшти денеска јавното обвинителство. Еден од загинатите е осомничен за пукањето, се додава.
Се чини дека мажот испукал неколку истрели, убивајќи уште еден маж, а потоа се застрелал, изјави портпаролката на јавното обвинителство во Хамбург.
Полицијата ја продолжува истрагата.