Каземиро е новиот капитен на Кариоките

Од:

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Каземиро е новиот капитен на бразилската репрезентација. Капитенската лента ја наследи од Тиаго Силва, кој реши да се повлече од репрезентацијата по неуспехот на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Каземиро беше назначен за капитен од привремениот селектор на Бразил, Рамон Менезес, кој ја презеде функцијата по заминувањето на Тите како главен тренер.

Има различни мислења, но јас се сметам дека сум подготвен за оваа должност. Благодарен сум, бидејќи добив доверба. Ако некој друг ќе биде капитен покрај мене, немам проблем со тоа, бидејќи јас сум еден од лидерите на овој тим. Неколку од нас постарите играчи го водат тимот на теренот каде што треба да се заслужи почит, рече Каземиро на прес-конференција во Мароко.

Би можело да ве интересира

Каземиро го однесе Реал на врвот во Ла лига

Каземиро за Погба и Азар: Секој голем играч е добредојден во Реал