Каземиро го однесе Реал на врвот во Ла лига

Од:

Реал Мадрид повторно е на врвот на табелата во шпанската Ла лига, откако славеше победа на денешното дерби со Севиља во 20.коло. Конечнито резултат е 2:1 за мадридскиот клуб.

Јунак на дербито е Каземиро кој ги постигна двата гола за домаќините. За Севиља погоди Лук де Јонг.

Во очекување на исходот од дуелите на конкуренти за највисок пласман, Барселона и Атлетико Мадрид, Реал е лидер на табелата со 43 бода. Барселона има 40, Атлетико Мадрид и Севиља досега собраа по 35.

Би можело да ве интересира

Каземиро е новиот капитен на Кариоките

Каземиро за Погба и Азар: Секој голем играч е добредојден во Реал