Руски хеликоптери нападнаа украински критични инфраструктурни објекти

Од:

Руски ескадрили на борбени хеликоптери Ми-35 и Ми-24 извршија напади со наведувани ракети врз објекти на украинската критична инфраструктура кои беа откриени за време на извидувачките операции на беспилотните летала Орлан-30 во насока на Красној Лиман.

По добиените податоци од извидување, екипажите на хеликоптерите Ми-35 и Ми-24 користеле наведувани ракети и сите цели се уништени, пренесува Тасс.

Руските трупи уништија полски самоодни хаубици „Краб“ со помош на беспилотни авиони камикази „Лансет“ во регионот на Јужен Доњецк, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Беспилотните летала „Орлан“ открија и уништија складиште за муниција кај Белогорје и радар под американско производство со минофрлачка екипа кај Степног во правец на Запорожје, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Украинците погодија складиште за нафта во самопрогласената Луганска република

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски