СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои го поддржуваат европскиот пат

Од:

Броењето пратеници на Христијан Мицкоски му е многу слаба страна. Тоа го покажал неколку пати досега. Исто како што велеше дека има 61 пратеник за распуштање на Собранието и избори во мај, се вели во писмената реакција на СДСМ.

„Очајни се овие обиди на Мицкоски, погрешната математика и штанцањето нови измислици ќе му се вратат како бумеранг многу бргу. Целата јавност знае дека во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои го поддржуваат европскиот пат на државата, кои не се согласуваат со анти-европскиот став на Мицкоски и се подготвени да ги поддржат сите чекори.

На овие пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кариерата на Мицкоски не им е поважна од европската иднина на македонските граѓани. Напротив. Изолиран и во целосно заложништво на Левица Мицкоски го чекаат нови порази. СДСМ ги повикува сите прогресивни групи и пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат на процесот, потребните реформи да бидат усвоени и државата да продолжи по европскиот пат“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ

СДСМ: Уште само 8 дена до уште едно големо неисполнето ветување на Мицкоски

Предраг Петровиќ