Пожарникарите денеска соопштија дека го локализирале првиот голем шумски пожар во Шпанија оваа година, кој се прошири низ источната провинција Валенсија, уништувајќи повеќе од 4.000 хектари шума и принудувајќи 1.500 жители да ги напуштат своите домови.
Невообичаено сувата зима низ делови од јужна Европа предизвика стравувања од повторување на пожарите од 2022 година, кога беа уништени 785.000 хектари, што е двојно повеќе од годишниот просек во последните 16 години, според статистиката на Европската комисија.
Во Шпанија минатата година, 493 пожари уништија рекордни 307.000 хектари земја.
🇪🇸Watch: Hundreds evacuated as forest fire rages in East Spain
The fire had engulfed around 3,000 hectares of land, since it broke out on Thursday, forcing residents into shelters, operated by the Red Cross and other charities. Its cause was not immediately clear.#Spain #fire pic.twitter.com/eGZk5M8ZCO
— INDEPENDENT PRESS (@IpIndependent) March 24, 2023
Околу 500 пожарникари, поддржани од 20 авиони и хеликоптери, се обидоа да го стават под контрола пожарот во близина на селото Вилануева де Вивер во провинцијата Валенсија, објавија службите за итни случаи.
Успеале да спречат пожарот да се прошири на други области.
Провинцискиот весник Las Provincias објави дека полицијата верува дека пожарот можеби бил предизвикан од искра од машина што се користи за собирање гранки. Осум места се евакуирани, изјави Габриела Браво, шефица за внатрешни работи на покраината.