Пасошите со „северна“ поскапи за 500 денари: МВР ги покачи цените на личните документи

Од:

Изработката на личните документи кои ќе се изработуваат со придавката „северна“ ќе поскапи, откако Владата го одобрила решението на Министерството за внатрешни работи што во наредниот период треба да стапи во сила откако ќе се објави во Службен весник.

„Обрасците во моментов се издаваат по цените кои важеа и до сега. МВР постапувајќи по заклучок донесен од Влада, спроведува постапка за изменување на решението за цените на обрасци. Со решението се вршат измени на цените, а ќе се применуваат кога решението ќе се објави во Службен весник и ќе влезе во сила. Цената на пасош за лице до 27 години ќе остане непроменета и натаму ќе изнесува 1500 денари, но пасошот за лице над 27 години ќе изнесува 2000 денари, што е зголемување за 500 денари. Цената на личната карта ќе изнесува 310 денари, што е зголемување за 120 денари. Цената на возачката дозвола ќе изнесува 410 денари, што е зголемување за 130 денари“, рекоа за „А1он“ од МВР.

Ќе има промени на цените и на обрасците за итна постапка.

„Цената на пасош по итна постапка ќе изнесува 6100 денари, што е зголемување за 1600 денари. Цената на возачка дозвола по итна постапка ќе изнесува 1230 денари, што е зголемување за 390 денари“, велат оттаму.

Промената на цените, според МВР се прави поради зголемените набавни цени на увезени обрасци, зголемени трошоци за одржување на системот кој се врши од страна на странски економски оператор, како и набавка на нови машини поради укажана потреба од замена на веќе дотраени машини за персонализација.

До февруари 2024 година, граѓаните имаат законска обврска да ги сменат сите лични документи на кои наместо досегашното име Република Македонија, треба да стои новото име Република Северна Македонија кое произлезе од Преспанскиот договор.

Ова значи дека граѓаните кои досега не го сториле тоа затоа што имале важечки документи, за помалку од една година ќе мора да сменат лична карта, пасош, возачка дозвола, сообраќајна дозвола но и регистарски таблички по повисоки цени.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неодамна упати апел до граѓаните да ги проверат своите патни исправи и доколку имаат потреба да ги менуваат тоа да го сторат сега, за да се избегнат летните турканици.

„Во 2021 година се изработени 321.216 лични карти и 346.773 пасоши. За периодот 01.01.2021-31.12.2021 имаме зголемен број на барања за пасош, односно досегашниот просек по месец изнесува 18.000-24.000 барања. МВР во континуитет изработуваше лични документи во периодот 05.07.2021 до 31.12.2021: 203.442 пасоши и 167.558 лични карти. Бројките покажуваат дека капацитетите се користени до максимум, со двосменско работење и за време на викенди“, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Влада: Нема веќе турканици за вадење пасоши и лични документи

Мицкоски: Издавањето на патните исправи и личните документи е под контрола

И покрај реформите, за германски пасош се чека и по една година

A1on

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

МВР воведува нов начин на издавање на личните документи

А1он

Џафери не прифаќа гласање со стари документи: Има уште 50 дена, граѓаните имаат време да се сликаат