На интернет се појави фотографија на која се гледа како рускиот претседател Владимир Путин клечи пред кинескиот претседател Си Џинпинг, но сигурно таа е само дел од пропагандната војна.
По посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг во Москва како гостин на рускиот претседател Владимир Путин, на интернет се појави необична фотографија која брзо се рашири низ сите социјални мрежи. На спорната фотографија се гледа како Путин клечи пред Си Џинпинг. Се тврдеше дека фотографијата е направена за време на посетата на кинескиот претседател на Русија, но се покажа дека станува збор за лажна слика, пишува „ДВ“.
По детална истрага, утврдено е дека се работи за фотографија која настанала преку програма која користи вештачка интелигенција. На интернет се објавени и бројни показатели кои ја потврдуваат оваа теорија.
德国之声的验证得出结论,网上流传普京向习近平下跪的照片是由人工智能程序生成的
Deutsche Welle’s verification concluded that Putin’s kneeling in front of Xi Jinping was rumored online to be generated by an artificial intelligence program pic.twitter.com/KxEF5liy8A— 马里昂 (@Marion_7777) March 23, 2023
Потеклото на фотографијата не можеше да се утврди, но внимателното испитување на фотографијата покажа дека се работи за лажна слика.
Wait a minute…. WTF is this? 👀 pic.twitter.com/FekVlBfZ63
— MAKS 22🇺🇦 (@Maks_NAFO_FELLA) March 20, 2023
Спорните детали се ѓонот од ногата на Путин, неговото уво, увото на Си, а најспорно е непознатото лице кое стои лево од нив. Заклучокот е дека дефинитивно станува збор за лажна фотографија создадена од програма што ја користи вештачката интелигенција.