Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала попладнево ја погоди границата меѓу Франција и Швајцарија. Се почувствувал и во Германија.
Како што пишува EMSC, земјотресот бил на 14 километри југоисточно од францускиот град Монбелијар, нешто пред 16 часот. Монбелијар се наоѓа во близина на швајцарската граница. Некои корисници на веб-страницата на EMSC напишаа дека целата куќа им се тресела.