Италија: Пресретнат брод со 300 имигранти од Сирија

Од:

Италијанската крајбрежна стража во петок, пресретна брод со 300 имигранти од Сирија и Авганистан, кои подоцна се префрлени до пристаниште во Сицилија, соопштија официјални лица.

Крајбрежната стража ги забележала додека биле на околу 30 наутички милји од Сиракуза, град во кој изминатите недели е забележан голем број на сириски бегалци, пренесе „Франс прес“.

Со оглед на тоа што повеќето од нив биле дехидрирани, со хеликоптер им е доставена вода на бродот, а подоцна имигрантите се префрлени на два брода на крајбрежната стража и пренесени до пристаништето.

Илјадници азиланти од Сирија, оваа година, пристигнаа во Италија, потсетува „Франс прес“.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски