(ВИДЕО) Двајца студенти повредени во пукање во Тексас

Од:

Двајца ученици се повредени, од кои еден критично, во пукотница што се случила утрово пред средно училиште во Далас. Полицијата уапсила лице кое го поврзуваат со нападот.

Пукањето започна во кампусот на средното училиште Ламар, во предградието Арлингтон, околу 6:55 часот, пред многу студенти да се вратат на часови по пролетниот распуст. Во самото пукање е повреден еден ученик, а другиот е повреден одд шрапнел од пукањето. Двајцата се пренесени во болница, изјави портпаролката на училиштето Анита Фостер.

Ен-Би-Си Далас-Форт Ворт објави дека еден од повредените студенти е во критична состојба, а другиот се чини дека претрпел полесни повреди. Полицијата во Арлингтон соопшти дека осомничениот напаѓач не влегол во училиштето и бил уапсен набргу откако полицајците пристигнале на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија