Членките на ЕУ планираат да достават еден милион артилериски гранати во Украина

Од:

Членките на Европската унија планираат да и достават на Украина еден милион парчиња артилериска муниција во следните 12 месеци, изјавија денеска дипломати на ЕУ за ДПА.

Земјите треба веднаш да започнат со снабдување со муниција за Украина од нивните постоечки залихи. Дополнително, членките на ЕУ треба заеднички да набават повеќе гранати од 155 мм во следните шест месеци за да и помогнат на Украина на долг рок.

За испорака на муниција, земјите-членки треба да добијат делумна компензација преку фондот на ЕУ, кој се користи за финансирање на испораките на оружје во Киев во последните месеци.

Според постоечките планови, за испраќање муниција во Киев ќе бидат достапни вкупно две милијарди евра. Договорот е склучен поради стравувањата дека на Украина релативно наскоро би можело да и недостасува значително количество важни видови муниција.

Министрите за надворешни работи на ЕУ одобрија трифазен акционен план, чија цел е да се снабдат украинските сили со најмалку еден милион гранати од 155 милиметри и да се надополнат стратешките резерви на земјите од ЕУ, од кои некои се речиси целосно исцрпени, изјавија претставниците на петте делегации.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски