Сеизмолошкиот завод на Србија утринава од 9.30 до 10.40 часот регистрира два земјотреси на територијата на Мајданпек.
Еден од нив бил со јачина од 1,9, додека другиот 2,0 степени според Рихтеровата скала.
По нив во 11.13 часот имало уште еден земјотрес со послаб интензитет и бил со јачина од 1,7 степени.
Недолго потоа, земјотрес го потресе и Бор. Првиот пат околу 10.51 часот, со јачина од 2 степени според Рихтеровата скала, додека вториот следеше околу 11.30 часот и изнесуваше 1,9 степени.
За среќа, магнитудата не е загрижувачка со оглед на тоа што ниту еден од споменатите не надмина 2 Рихтери.
Исто така, земјотрес од оваа јачина не може да предизвика големи материјални штети.
Инаку, во меѓувреме се појави вест дека земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погодил Романија.