Загинатиот Македонец во сообраќајката кај Врање има 25 години

Од:

Синоќа во сообраќајката во Врање загина македонски државјанин роден 1998 година во Скопје. Српските власти и официјално соопштија денеска за несреќата која се случи на Златкоп кај Врање.

Во автомобилот имало неколку лица, но само едно починало на лице место, неофицијално потврдиија извори од истрагата.

Исто така, неофицијално се зборува дека го пропуштиле патот за Македонија и се упатиле кон Златокоп, но потоа се сетиле дека во ресторанот во центарот на градот, каде што претходно престојувале, го заборавиле мобилниот телефон и се упатиле назад, по што дошло до несреќата, известуваат српските медиуми.

Автомобилот од непозната причина излетал од патот и удрил во насипот. Синоќа имаше потврда само дека еден државјанин на Македонија го изгубил животот, а патот беше блокиран поради вршењето на увид од страна на полицијата.

Би можело да ве интересира

Пет лица се повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола

Горан Наумовски

Руско семејство со дете е повредено на автопатот во близина на Бања Лука

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија

12 загинати, 44 повредени во две сообраќајни несреќи во Турција