СДСМ: Со Ковачевски земјава стана фактор на стабилност на Балканот

Од:

„Со СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски Република Северна Македонија се потврдува како фактор на стабилност во регионот. Денеска сме земја членка на НАТО, земја која преговара со ЕУ, земја која што претседава со најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ, и држава во која што се депонираа договорите потпишани во рамки на берлинскиот процес помеѓу земјите од Западен Балкан“, велат од СДСМ.

„Сите прашања со соседите ги имаме решено, при тоа цврсто штитејќи ги и зајакнувајќи ги националните интереси и државните позиции.

Признание и потврда дека Македонија е почитувана и вреднувана од страна на САД и Европската Унија е што постигнувањето на договорот за анексот за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија се случи токму во Охрид.

Од држава, која во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше скарана со соседите, заборавена и изолирана од меѓународната заедница, Македонија сега претставува фактор на стабилност на Балканот“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите