Ѓоковиќ остана без првото место: Алкараз го симна од врвот

Од:

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го освои Мастерсот во Индијан Велс победувајќи го во финалето Данил Медведев, а воедно од првото место го симна Новак Ѓоковиќ бидејќи младиот тенисер се врати на врвот на АТП листата.

Младиот Шпанец го декласираше Медведев во финалето на Индијан Велс и победи со 2-0.

Според сетови беше 6:3, 6:2, а мечот траеше 72 минути. Уморниот Данил немаше никакви шанси против расположениот Карлос.

Од денеска тој ќе биде играч број еден во светот, а Новак Ѓоковиќ паѓа на второто место.

Ова ќе биде 21 недела за Алкараз на врвот на АТП листата.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

Каспер Руд го совлада Алкараз во два сета на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех