Менувачници без лиценца откриени во Куманово, запленети долари, евра, франци, левови

Од:

Менувачници без лиценци и без решенија за работа се откриени во акцијата спроведени од полицијата и државниот пазарен инспекотрат во Куманово.

Полициски службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, извршија контрола на правни и физички лица кои вршат дејност од областа на девизното работење, преку купување и продажба на ефективни странски и домашни пари, при што кај четири физички и правни лица се констатирани неправилности, односно работење спротивно на Законот за девизно работење информираат од Министерството за внатрешни работи.

– При контрола на правно лице во Куманово, чиј управител е М.К., утврдено е дека не поседува Решение за вршење на дејност од НБРСМ, ниту Лиценца за вршење на продажба и купување на ефективни странски и домашни пари. Кај правното лице како нерезидент на НБРСМ во моментот на контролата во касата за дневен промет се пронајдени голем износ на домашни и странски пари во различни валути, меѓу кои и: 4,7 милиони денари, 41,4 илјади американски долари, 2,7 илјади евра, 1,1 илјада швајцарски франци, 4,2 илјади бугарски левови и др.

За време на контролата било констатирано дека и правно лице, чиј управител е Д.М. од Куманово, не поседува Решение за вршење на дејност од НБРСМ, ниту Лиценца за вршење на продажба и купување на ефективни странски и домашни пари, а во касата за дневен промет располагало со ефективни домашни и странски пари во голем износ, и тоа: 321,6 илјади денари, 630 евра и 320 американски долари.

Во деловен објект – менувачница без регистрирано правно лице, во сопственост на М.А. од Куманово, е утврдено дека нема регистрирано правно лице во Централен регистар на РСМ, а не поседува ниту Лиценца ни Решение од НБРСМ за вршење на менувачко работење. Во моментот на контролата М.А. противправно поседувал домашни и странски валути во износ од 325 евра, 100 американски долари, 4,7 илјади швајцарски франци, 34,5 илјади денари, 4,8 илјади српски динари.

На Градскиот плоштад во Куманово, затекнат е М.С. од Куманово како врши менувачко работење спротивно на чл.54 од Законот за девизно работење и кај него се пронајдени 30 илјади српски динари, 2,7 илјади бугарски левови, 700 евра, 1,5 илјади швајцарски франци, 162 американски долари и 65,3 илјади денари.

Би можело да ве интересира

40-годишник од стумичко починал на паркинг во Скопје

Катерина Ѓуровски

Двајца Срби, едниот малолетник, повредени во сообраќајка кај Неготино

Малолетници избоделе жител на Студеничани, со тешки повреди сместен во болница

Катерина Ѓуровски

Малолетници се пукачите со автоматска пушта во куќа на тетовец

Велешанец продавал „благословени тегли“ на интернет, приведен е

Украдени бисти на Крсте Петков Мисирков и Ѓорѓија Пулевски, оштетена на Кочо Рацин