Протести во Белград: „Косово не го даваме“

Од:

На платото пред црквата Свети Сава во Белград вечерва се собраа голем број членови и симпатизери на повеќе десничарски опозициски партии и движења. Како што јави репортерката N1, во 18 часот платото било преполно со луѓе. Собирот го организираа движењето Двери, Нова ДСС и Заветници под името „Србија памети, брани, не дава“.

Како што јави репортерот N1, може да се забележат претежно српски знамиња. Организаторите претходно кажаа дека тоа не е протест, туку „надпартиско-патриотско обединување“ и дека нема да има партиски знамиња.

На собирот пристигнаа и лидерите на Двери, Нова ДСС и Заветници – Бошко Обрадовиќ, Милош Јовановиќ и Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски.

Ѓурѓевиќ Стаменковски претходно изјави дека голем број луѓе биле спречени да дојдат во Белград и од југот и од северот на државата, а сето тоа, вели таа, го направила полицијата. Таа изјави дека возилата биле испратени на дополнителен технички превоз, а многу автобуски превозници се откажале од организираното возење.

Насобраните имаат три барања – да се отфрли европскиот план за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, Вучиќ да поднесе оставка и веднаш да се распишат избори.

Како што јавија репортерите на N1, може да се забележат транспарентите „Косово е срцето на Србија“, „Не за капитулацијата“, „Не даваме свети места“, а можеа да се слушнат и навредливи скандирања против Александар Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

(ФОТО) Тргнаа 11 автобуси од Македонија: Поддршка за Србија

А1он