Денеска започна спортскиот викенд, кој ЛК на СДММ- Штип традиционално, по 10 пат, го организира по повод Денот на независноста на Република Македонија, 8 Септември. Годинава младите социјалдемократи од Штип организираат два турнири, во табла и во баскет.
Турнирот во табла се одржува во просториите на СДСМ во населбата 8 ноември во Штип и ќе трае два дена, додека турнирот во баскет ќе се одржи во дворот на гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип во недела на самиот ден на празникот.
Сите учесници ќе добијат благодарници, а за најдобрите од ЛК на СДММ-Штип обезбедија и скромни награди.
Младинците на СДММ–Штип ги покануваат своите сограѓани да ги проследат натпреварите и заедно преку дружба да го прослават најголемиот национален празник.
М.Р.