По Полска, уште една членка на НАТО потврди: Испраќаме борбени авиони во Украина

Од:

Владата на Словачка утрово одобри испраќање борбени авиони МиГ-29 во Украина. Ова утрово го потврди словачкиот премиер Едуард Хегер. Словачка е втората земја која објави дека ќе испрати воени авиони во Киев, по Полска, која вчера најави испраќање на четири авиони МиГ.

Словачка ќе испрати 13 МиГ-29 во Украина, објавија локалните медиуми. Словачката флота од 11 МиГ-29 беше пензионирана минатото лето и повеќето од нив не се во функција. Тие што работат ќе се испратат, а останатите ќе служат за резервни делови. Словачка, исто така, ќе испорача дел од својот систем за воздушна одбрана КУБ, рече Хегер.

Сојузниците на НАТО на поранешниот комунистички исток, како Полска и Словачка, беа особено гласни во својата поддршка за Киев откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година. Данската премиерка Мете Фредриксен вчера објави дека западните земји сè уште дебатираат дали да испратат борбен авиони за Украина.

„Ова е нешто за што разговараме во групата сојузнички земји. Тоа е голема желба на Украина“, рече Фредриксен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина