„Њујорк тајмс“: Обама не доби поддршка на Г20

Од:

Американскиот претседател, Барак Обама, на Самитот Г20, не доби меѓународна поддршка за воена интервенција врз Сирија.

Лидерите на дваесетте стопански најмоќни држави во светот, имаат поделени мислења за прашањето за евентуален воен напад , пишува „Њујорк тајмс“.

По синоќешната дебата, која што траеше до раните утрински часови, Обама доби малку поддршка но без консензус, бидејќи повеќето лидери не одобруваат воена интервенција без согласност на ОН.

Агенцијата наведува дека американскиот претседател е во незавидна положба и од аспект на тоа што треба да го брани правото на воена акција, бидејќи порано беше против едностраната политика и го обвинуваше својот претходник, Џорџ Буш.

– На овој начин им праќаме сигнал на авторитарните режими и терористички организации, дека можат да користат оружје за масовно уништување, без при тоа да ги сносат последиците.Тоа не е светот во кој што сакаме да живееме, рече тој обидувајќи се да го зголеми бројот на свои приврзаници.

Поголемиот дел од лидерите, кои учествуваа на Самитот во Санкт Петерсбург, не ги прифаќаат плановите на Обама.

Рускиот претседател Владимир Путин, рече дека Кина , Индија, Индонезија, Аргентина, Италија, Германија, Јужна Африка и други држави се против воена интервенција без согласност на ОН, додека Обама има поддршка единствено од Франција, Канада, Турција и Саудиска Арабија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски