Србин украл две слики на Пикасо и ги продал на пазар за 150 евра

Од:

Државјанин на Србија (37), по потекло од Косово, е осуден во Швајцарија на четири и пол години затвор за кражба на уметнички дела на Пабло Пикасо, кои ги украл во 2020 година, а како што тврди, ги продал на пазар за 150 евра.

Двајца мажи нападнале старец (80), го врзале, ја опустошиле куќата и украле две оригинални слики од Пабло Пикасо.

Сега им се суди, но од сликите нема трага. Како што се дознава, тие ги продавале на пазар. Украдениот плен е вреден вкупно 75.000 франци.

Еден од разбојниците е уапсен, а неговото однесување на суд предизвика големи реакции во јавноста.

-Лажни беа, ги продадов за 150 евра на пазар – рекол разбојникот на суд.

За време на судењето тој беше фатен во чудни изјави, па дури и во еден момент се расплака.

Како што кажа, ги изгубил сите пари играјќи покер и не му останало ништо. Рекол и дека не сака ништо да му се случи на старецот. Дури се вратил на местото на злосторството – ден по грабежот застанал покрај куќата за да види дали старецот успеал да се ослободи.

Затоа и неговиот адвокат побара условна затворска казна. Сепак, судот изрече казна затвор од четири и пол години. Покрај тоа, тој мора да ја напушти Швајцарија на десет години.

На Србинот му се судеше врз основа на ДНК траги на местото на злосторството. Осомничениот не бил уапсен по грабежот, но полицијата го пронашла во друг грабеж во 2021 година, а потоа се испоставило дека се бара и за други кривични дела, јавуваат швајцарските медиуми.

Би можело да ве интересира

Експлозија во воената фабрика „слобода“ во Чачак, двајца повредени

На фарма во Србија е пронајдена шпионска опрема и опасни материи

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

Србија е поразенa од Шпанија со 3:0

Нов земјотрес во Србија

Горан Наумовски

Србија: Курти шири дезинформации