Некогаш ѕвезда на Арсенал, а сега милијардер: Дури 30 пати е побогат од Кристијано Роналдо

Од:

Матје Фламини, поранешен играч на Арсенал, заработи многу пари во својата играчка кариера, но еден деловен потег целосно му го промени животот.

Уште во 2010 година, тој одлучи да инвестира пари во проект кој бара еколошка замена за петрохемикалиите кои се наоѓаат во пластиката. Денес, тој има 60 отсто од акциите во компанијата и ја извршува функцијата извршен директор на GF Biochemicals.

Компанијата на Фламини зема биомаса, како ѓубриво или отпад од домаќинството, и ја претвора во левулинска киселина, која ги заменува петрохемиските производи што ги користиме во секојдневниот живот. Инаку, левулинската киселина може да ги намали емисиите на јаглерод диоксид до 80 проценти.

Така, во 2020 година популарниот Форбс процени дека уделот на Фламини во компанијата вреди неверојатни 10 милијарди фунти. Тоа е 30 пати повеќе од проценетата нето вредност на Кристијано Роналдо, чие богатство се проценува на 370 милиони фунти.

Фламини имаше успешна играчка кариера, забележа 246 настапи за Арсенал, а го носеше и дресот на Милан за кој настапи на 122 натпревари. Играчката кариера ја заврши во 2019 година во дресот на Хетафе.

Би можело да ве интересира

Најбогатите луѓе по победата на Трамп побогати за уште 64 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Ана Ололовска

Илон Маск симнат од тронот, најбогат човек на светот сега е Бернард Арно

Ана Ололовска

Кралицата на скапоцените камења загина на крузер, нејзиниот сеф е пронајден празен

Горан Наумовски