Турција и Либан се подготвуваат за последиците од евентален напад врз Сирија

Од:

Турската Влада денеска им нареди на повеќе државни институции во земјата да бидат во состојба на зголемена готовност поради евенталната американска воена операција во Сирија.

Наредбата, меѓу останантите се однесува и на полицијата, Дирекцијата за справување со елементарни непогоди и вонредни состојби, како и на Црвената полумесечина на Турција.

Телевизијата Хабертурк информира дека Министерството за одбрана на Турција извршува подготовки за општа мобилизација, доколку состојбата на границата со Сирија се влоши.

Дирекцијата за справување со елементарни непогоди и вонредни состојби во реонот на турско-сириската граница веќе има испратено експерти за нуклеарно, хемиско и билолошка заштита, како и опрема за индивидуална заштита на населението.

Последниве денови долж границата со Сирија беа распоредени и дополнителни единици на турската Армија.

Во исто време и либанските власти преземаат мерки за заштита на државните институции и на странските дипломатски мисии, кои би можеле да бидат цел на напади како одогвор на евенталната западна воена акција во Сирија.

Сирискиот претседател Башар ел Асад во понеделникот во интервју за весникот „Фигаро“ предупреди дека евентуалната воена операција на западните земји против Сирија може да доведе во регионална воја на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израелците го нападнаа либанскиот град Тир

(ВИДЕО) Израел: Хезболах крие 500 милиони долари во бункер под болница, нема да ја гаѓаме

Катерина Ѓуровски

Два израелски напади на Бејрут, четири лица загинаа во нападот на Набатија

Спречен е напад на израелската амбасада во Берлин, уапсен е Либиец

Заменик лидерот на Хезболах го напушти Либан, добил наредба од Иран итно да се евакуира

Околу 100 ракети истрелани од Либан кон северот на Израел