За Москва инцидентот над Црното Море е провокација

Од:

Москва смета дека судирот на руски борбен авион Су-27 и американско воено беспилотно летало над Црното Море е провокација, објави руската државна новинска агенција РИА, повикувајќи се на Анатолиј Антонов, рускиот амбасадор во САД.

„Овој инцидент го сметаме за провокација“, рече Антонов откако беше повикан од американскиот Стејт департмент.

Американски воен дрон MQ-9 се урна во вторникот во Црното Море откако руски авион Су-27 го погоди неговиот пропелер, соопшти Пентагон, што е прв ваков инцидент по руската инвазија на Украина пред повеќе од една година.

Русија негираше каков било контакт и рече дека дронот се урнал по „остри маневрирање“.

Антонов рече дека неговата средба во Стејт департментот била „конструктивна“ и дека не е отворено прашањето за можни „последици“ за Москва поради инцидентот, пренесе РИА.

„Што се однесува до нас, ние не сакаме каква било конфронтација меѓу САД и Русија. Ние сме за градење прагматични односи за доброто на рускиот и американскиот народ“, рече Антонов, пренесуваат агенциите.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте