Иако руските сили навлегуваат во Бахмут сè подлабоко и сосема е сигурно дека градот ќе дојде под контрола на руските сили, очигледно е дека оваа битка за градот е повеќе од само битка за освојување на градот. Ова е битка во која руските и украинските сили вложија значително повеќе ресурси за освојување и одбрана на градот, кој според многу воени аналитичари не е од исклучително големо стратешко и воено значење.
Journalist Denis Kazansky published a new video from #Bakhmut. The city is virtually destroyed.
Video/telegram: kazansky2017 pic.twitter.com/QQzKqOZxRX
— NEXTA (@nexta_tv) March 14, 2023
Украина вчера инфромираше дека воениот врв на состанок со претседателот Зеленски донел одлука да прдолжи одбраната на Бахмут. Од руска страна, клучна улога во битката за градот има групата Вагнер која објави дека веќе држи половина од Бахмут.