Почнувајќи од април минималната плата во државата ќе биде повисока за 2.175 денари и од 18.000 ќе се покачи на 20.175 денари, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, по завршувањето на денешниот Економско социјален совет на кој беше донесена одлуката за зголемување на минималната плата во државава. Како што ветивме, го исполнивме ветувањето.
„Ова значи над 12% зголемување на основната минимална плата. Секој работник следниот месец ќе ја зема оваа плата како минимална. Согласно законот за административни службеници којшто е усогласен со законот за минимална плата тоа значи дека линеарно ќе се усогласат платите на 27.000 работници како и во другите сектори во кои законите се усогласени со законот за минимална плата.
Оваа одлука покажа дека со системски решенија се гради вистинско партнерство меѓу синдикатите, работодавците и Владата кои што сите претставници сакам да ги поздравам и дека тоа е начинот за зголемување и на платите и на стандардот на граѓаните”, изјави премиерот Ковачевски.