(ВИДЕО) Брутално насилство во Белград: петмина нападнаа момче со тупаници, нозе и стапови

Од:

На социјалните мрежи се појави снимка од насилство, односно тепачка, која наводно се случила викендов во Белград, пред Мото Клубот.

„Додека одев кон клубот „Драгстор“, забележав тепачка од другата страна на улицата пред Мото Клубот Безбедност. Личеше дека 5-6 од нив удираат со тупаници, клоцаат и удираат момче кое лежеше доле. Овој клип го снимав само 30 секунди затоа што се плашев да не ме фатат и да не почнат и мене да ме бркаат. Кога престанав да снимам продолжија да го тепаат веројатно уште 4-5 минути и забележав дека некои момци си заминуваат а потоа се враќаат, па дојдоа нови“, се наведува на социјалните мрежи.

„Имаше и една девојка која залудно се обидуваше да ги спречи овие ликови да го тепаат момчето на земја, но не ја ни забележуваа. После тоа јас заминав и отидов на забавата во Драгстор, а бидејќи се се случуваше на улицата, знам дека некои таксисти и возачи им свиреа, но не знам како сето тоа заврши на крајот, а и не познавам никого од инцидентот“, се наведува.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

(ФОТО) Тргнаа 11 автобуси од Македонија: Поддршка за Србија

А1он