Утре со почеток во 08.30 часот пред Музеј на град Скопје на улицата Св. Кирил и Методиј ќе се одржи настан за одбележување на 80 години од депортацијата на македонските Евреи, по што учесниците ќе се движат од Музеј на град Скопје по улицата Св. Кирил и Методиј, булеварот Кочо Рацин, улица 11-ти Октомври, улица Крушевска република до Тутунски комбинат Скопје, извести МВР.
– Поради тоа Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, соопшти МВР.