Над 420 тркачи, плус деца, ќе учествуваат на утрешниот Кавадаречки полумаратон, информираа денеска организаторите на настанот.
Организациониот одбор на Кавадаречки полумаратон во соработка со ОВР Кавадарци, заради безбедно одвивање на трката, соопшти дека утре, од 11 до 15 часот, трката ќе се одвива по неколку улици што ќе бидат затворени за собраќај.
– Затворен за сообраќај ќе биде потегот од плоштад на улица „Илинденска” до улица „Страшо Пинџур” кај Силекс згради, назад по Илинденска до улица ,,Никола Минчев” или поранешна „Едвард Кардељ” и назад по „Илинденска”, посочи организаторот на настанот.
Од Здружението „Меридиан Атлетик клуб Кавадарци”, замолија навремено да се отстранат возилата паркирани на улиците од делниците, што ќе бидат затворени за сообраќај, во времето додека трае полумаратонот.