Атлетичари од Гевгелија учествуваа на ноќен полумаратон во Солун

Од:

Дваесет и двајца членови на атлетскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија синоќа учествуваа на Меѓународниот ноќен полумаратон во Солун на кој настапија натпреварувачи од 53 земји.

Во силна конкуренција на натпреварувачи,кои настапија со желба да трчаат во услови на пандемија по солунските улици,атлетичарите од Гевгелија постигнаа одлични резултати во женска и машка конкуренција со што успешно ги претставија нашата земја и својот град.

Тркачката програма содржеше полумаратонски трки на 5.000 и 10.000 метри во двете конкуренции чии што стартни и завршни точки се наоѓаа на улиците покрај морето и во центарот на Солун.

Од гевгелиските атлетичари најдобри резултати во трката на 10 километри остварија Цеца Србова со освоено шесто место во женска конкуренција и Тоше Анчев во машка конкуренција кој на целта во Солун пристигна како седми.

Би можело да ве интересира

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди

(ВИДЕО) Српската кралица на атлетиката ја освои планетата: Ивана Вулета е светска шампионка

Откриена заднината на скандалот со најбавната спринтерка досега, реагираше државата