Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) во рок од 30 минути регистрира три слаби земјотреси во јужна Бугарија.
Најсилниот бил во 10 часот и 15 минути, со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 13 километри северо-североисточно од Димитровград (Бугарија) и на 30 километри од Стара Загора, на длабочина од два километри, пренесува Новините.
Вториот земјотрес се случи неколку минути подоцна, во истата област. Неговата јачина била 2,5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 13 километри северозападно од Харманли, на длабочина од два километри.
Третиот земјотрес во истото подрачје бил со јачина од 2,2 степени.